23 декември 2008

Пролог (варијанта 2)

„Не обрнував внимание: така паднав од мојот трон. Еден ден бев зеница во окото на Анубис, Челзи насмевка од уво до уво, наредното утро бев 6 години постар, мешест и огорчен до срж. Што се случи измеѓу, не ми е јасно, ама во некоја точка мора да сум скршнал од патеката. Во моменти на луцидност како да се присеќавам на нешто, име или лице кое можеби ми има згрешено, а можеби се обидело да ме предупреди за претстоечкаа опасност, но тие момети брзо одминуваат, и јас останувам збунет и затекнат во мојата ситуација. Кога се ќе се премота и пресече, сигурен сум само во следното: не можеше да испадне полошо...“

Оваа верзија продолжуваше со опис на три исклучително безуспешни обиди за самоубиство, и никогаш не стигна до третата страна. Ален Корубин беше цврсто решен да напише фикција, не автобиографија, а напишаното беше премногу фактографско за свое добро. По осмиот или можеби деветтиот роман секако ќе објавеше дело базирано на неговиот дневник, во кое ќе беа вклучени и сите минати и идни самоубиства, но се уште беше на нула и затоа не веруваше дека некој би се заинтересирал за неговата животна приказна. Затоа почна одново и овој пат доби нешто вакво...

Нема коментари: