Се прикажуваат објави со етикета рефлексија. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета рефлексија. Прикажи ги сите објави

24 февруари 2009 г.

Тест карта 2



Понекогаш, кога Хијавата ќе застанеше пред публика, мислите му замрзнуваа во слика од црно-бела тест карта на места потечена со ѕвонливи пукнатини од прастара фанк трака, па мораше да се поткашла добро пред да се сети на било каков збор што човек би го разбрал. Една вечер, Хијавата го прекина настапот по само 5 минути затоа што низ цело тело му вибрираше богатиот глас на Исак Хејс, а неговата десна нога не можеше да престане да тапка во место...

8 јануари 2009 г.

...молејќи се за НЛО...



...можеби јас бев само уплакана креатура сред бетонски џеб, свиена во превез од соништа врзани за милион пат изгледани филмови, „Што дека сум го гледал, изрежан е да го гледам и милјарда пати ако сакам,“ но во сите тие соништа само спореден лик, со камен во стомакот секогаш кога ќе ти се приближам, дали во канцеларија или надвор од неа, кој ме прашува, секогаш истиот камен што се појавува како сенка сред оној Берлин од соништата во кој има две Бранденбуршки порти, една во далечина, и една по угорница, и кога треба да чекорам нагоре, сфаќам дека е премногу стрмно за мене, и се држам со нокти за асфалтот да не се лизнам надолу вдолж безимената улица, иако сите туристи наоколу чекорат сосема нормално и продолжуваат напред без разлика на се, можеби затоа што сите тие се само дел од мене, прсти што мафтаат како-не-ти-е-срам во моја насока, затоа што знам што се случува со сите што го гледаат истиот филм милион пати, лежат згрутчено на тераса и се молат нагоре за НЛО или атомска ракета што ќе долета и ќе ја одведе приказната во сосема нова насока...

29 декември 2008 г.

Ноктурна



...го барав патот низ дрвјата, не кон Авенија на Хероите туку кон Водњанска, иако знаев дека сите мои напори се попусти: кај да е, морав да налетам на автопатот, а тој секогаш ме води назад, кон челуста на Кали...

17 декември 2008 г.

Тест Карта



...понекогаш, кога Хијавата гледаше кон небото, се што можеше да види е ТВ тест карта...