4 август 2008

Нејзиниот вкус

...и таа го гризна за левото уво, меко, со влажен слој од јазик намачкан лесно врз плиткото црвенило; но не кажа ништо. Само лежеа во креветот, згуснати во бесконечна темница прошарана со магливи гласови на невидливи комшии, и пушеа што ќе им дојдеше под рака. Пробуваше да ги изостри контурите на нејзиниот профил, неговите очи пар шпионски камери таму каде што не треба, знаејќи дека тоа е бескорисно: мораше да се потпре на нејзините заби... полека, слепо... нинџа на мирот во виорот на непредвидливото, мирот на непредвидливото во виорот на нинџата... Не дека имаше нешто сексуално во сето тоа. Таа извираше од нејзината волнена школка со затворен поглед и го дишеше свежиот воздух на небесниот град од иднината, напиплив само за оние со некакво петто и пол сетило; а него го обземаше бавна параноја со вкус на скршено стакло…

Нема коментари: