1 мај 2009 г.
Ламји и зелени очи
24 април 2009 г.
Телоп Предупредување
21 април 2009 г.
=> Добредојде! <=

16 април 2009 г.
Разгледница од Белгија
Ѕидот беше сиот модар и испукан по северната страна: некој го удирал со фен и го преплашил до гола коска (да, и ѕидовите имаат емоции!). На полицата за книги лежеше мртов лилјак, се уште топол, а од неговата глава се вееше коктел знаменце со грбот на Белгија. Во просторијата се уште трепереше здивот на Начкрапникот.
Топчек: “Педерски цируси!“

Во полната месечина се прекршуваат бранови од стоногалки излеани без трошка срам над воспалените скопски гингиви. „Педерски цируси,“ вели Топчек со цигара во уста, гордо дигнат во треперењето на Зеа. „Си мислат украсуваат видео спот за некоја симфонија, а со балетанки на стапалата, а нурнати во чемерна бара отфрлена од сонцето.“ Се насмевнува и таму негде во ирисот на неговото лево око Зеа забележува распеан човечки скелет со шише рум во уста. „Сега ме презираш, мила мала моја, ама верувај ми: еден ден кога сево ова ќе се заврши ќе се обидеш да се сетиш на мојот лик за да доживееш барем некаква возбуда, така затапена од рутината на твоето секојдневие. Но, и двајцата знаеме дека во меѓувреме ќе поминеш низ серија третман со хипноза да ја заборавиш оваа вечер... и по некоја случајност, третманите ќе се исплатат. Така, колку и да ме бараш низ тунелите на твоето фригидно сеќавање, кога најмногу ќе ти требам нема да најдеш ништо освен расипан саат што се ниша пред твоите прекрасни очи.“ Зеа му верува и клима со носто насочен кон полната месечина што сега умира под плимата на стоногалките.
13 април 2009 г.
Меѓу небото и зеленото светло

17 март 2009 г.
Лека ноќ, пријатни кошмари

3 март 2009 г.
Проблемот со г-н Робото

13 февруари 2009 г.
Сцена од фестивалот „Бела Лугоши“
7 февруари 2009 г.
Парадоксот на Ферми

Еден одговор е дека Земјата е навистина уникатна и дека сме сами во Вселената. Друг одговор е дека вонземјаните веќе ја посетиле земјата и заклучиле дека не сме доволно интересни за натамошни посети. Трет и многу поопасен одговор е дека напредните цивилизации неизбежно се уништуваат самите себе, во кој случај интелигенцијата е еволутивен ќорсокак и наша судбина е да исчезнеме.
Ноќно време гледам кон ѕвездите додека Бил Хикс позади мене дава и четврт одговор, „Можеби вонземјаните едноставно и не се толку интелигентни?“
29 јануари 2009 г.
Клештарот и ритуалот на Двоглавиот Шаман
23 јануари 2009 г.
Хијавата реши да оглуви

13 јануари 2009 г.
Заседа = (мал наплив параноја)
Се шетавме по Rue Neuve околу полноќ. Улицата беше празна по речиси цела должина со исклучок на некој заскитан Мореконец тука и таму. Излозите од страна не гледаа гладно: пет саати без ниедно портмоне да влезе низ главната порта, таква потреба за свежа крв не била видена од времето на Херод. И ги одминувавме: WE, H&M, Footlocker…, а Мореконците се довлижуваа, нивните празни очи укоричени во ефтини кожни јакни, втренчени во нас со глад само ниво подолу од таа на излозите. И ним им требаа нашите пари и кредитни картички, не дека ги имавме. Јутан продолжуваше да зборува за Скопје; не ги приметуваше нивните ножеви блескави во неонското светло. Можев да се видам себеси од страна: илјада цевки од илјада пиштоли набоцкани надвор од секоја моја пора – вперени кон валканите расипани срца на Мореконците, по илјада куршуми за секој од нив – и секој момент спремни да испалат во рафална експлозија што ќе се слушне до Бриж. Но, еве, Мореконците не одминуваат со цигарите во уста, и зборуваат нешто глупаво, за газот на некоја, една вечер во некој клуб, колку бил сладок, нивните ножеви наеднаш невидливи под околните светилки. Се доближувавме до хотелот.
30 декември 2008 г.
Пролог (варијанта 3)

„Во земјата на молњите, каде што боја истекува од порите на секој предмет и главната задача на комуналната служба е да ги чисти улиците од премногу бои, се роди Хијавата Кјубрик. Некој ќе го жали нашиот херој што се родил во една таква безоблична земја, но некој и ќе го слави, оти како што секој граѓанин е по закон виновен, така оној што ќе се роди невин е светски феномен. А, Хијавата не го уапсија веднаш по породување чисто заради тоа што медицинската сестра, смотана и безвезна каква што беше, ги испомеша папките па на едно бебе му шлапна две доживотни...“
Премногу влево како за почеток? Дали од напишаното можеше да се извлече заклучок за психичката состојба на авторот? Дали самиот автор разбираше што сака да каже? На страна 2147 од дневникот на Ален Корубин стои, „Каква е таа земја на молњите во која секој граѓанин е виновен?“ а веднаш потоа следи мапа на Република Меланхолија. Оваа, сигурно најчудна а можеби и најлоша верзија на романот, продолжува вака:
„Хијавата беше среќно дете, со широки бели крилја на плешките и дебел седумгодишен договор за холивудско студио. Неговите потфати во продуцентската кабина се легендарни. Кога Чарлиз Терон му ја побарала главната улога во неговиот најголем филм, хоророт ’Џуџестиот пат до Гармонбозија’, тој ни две ни три, туку се симнал до паркинг и со безбол палка и ја парчосал колата. Дамјен Хирст до ден денес го тужи по разно-разни судови за подметнување бактерија за забрзано распаѓање во неговата славна ајкула. Зошто Хијавата тоа го направил? Затоа што Хирст закаснил на фото-сесија...“
Премногу гротескно, можеби?
„...Но, Хијавата западна во вистински проблеми вечерта кога за прв пат ја сретна Кали. Тоа беше на раскрсницата кај скопскиот парламент, нешто после 9 и пол. Заради богзнае која причина, наеднаш сите семафори светнаа зелено, па четири коли влетаа комотно една во друга и во еден расцупкан балет на каросерија, стакло и оган, цел Центар екна со стравотен тресок. Хијавата и Кали беа единствените пешаци заробени во моментот, и како што екна првата експлозија, нивните погледи се сретнаа и влегоа во костец од кој досега не се излезени...“
Тука нештата стануваат интересни. „Која е Кали?“ стои во дневникот на Ален Корубин, „И зошто баш Кали, а не Шива или Хера?“ Авторот немаше одговори, но нешто го копкаше во врска со тоа што го напиша. Целиот тој запис од некаде му беше познат, како да го прочитал некогаш и некаде, или можеби, како веќе да го напишал. Се обиде да се присети на се што било кога напишал, а таму каде што сеќавањето го издаваше, се потпираше на архивите и неговиот дневник. Наоѓаше заборавени наслови од типот „Рони и мртвите черупки“, „Чернополија“, и „Деформографија“ или минијатури како:
Авион
Не можеше да најде ништо за Хијавата Кјубрик и Кали, ниту за сообраќајка во која две лица се сретнале, па сепак како напредуваше во потрагата толку посигурен беше дека истите тие зборови ги запишал и порано. „Дежа ву? Никако! Ова е многу повеќе од тоа,“ напиша во дневникот.
23 декември 2008 г.
Пролог (варијанта 2)
„Не обрнував внимание: така паднав од мојот трон. Еден ден бев зеница во окото на Анубис, Челзи насмевка од уво до уво, наредното утро бев 6 години постар, мешест и огорчен до срж. Што се случи измеѓу, не ми е јасно, ама во некоја точка мора да сум скршнал од патеката. Во моменти на луцидност како да се присеќавам на нешто, име или лице кое можеби ми има згрешено, а можеби се обидело да ме предупреди за претстоечкаа опасност, но тие момети брзо одминуваат, и јас останувам збунет и затекнат во мојата ситуација. Кога се ќе се премота и пресече, сигурен сум само во следното: не можеше да испадне полошо...“
Оваа верзија продолжуваше со опис на три исклучително безуспешни обиди за самоубиство, и никогаш не стигна до третата страна. Ален Корубин беше цврсто решен да напише фикција, не автобиографија, а напишаното беше премногу фактографско за свое добро. По осмиот или можеби деветтиот роман секако ќе објавеше дело базирано на неговиот дневник, во кое ќе беа вклучени и сите минати и идни самоубиства, но се уште беше на нула и затоа не веруваше дека некој би се заинтересирал за неговата животна приказна. Затоа почна одново и овој пат доби нешто вакво...
17 декември 2008 г.
Пролог (варијанта 1)

„На почетокот беа Дилан Дог и Стивен Кинг. Сериозно. Се шетаа бавно низ густата германска шума, облеани со полна месечина, вампири од лева страна, врколаци од десна, и климаа со главите како мисирки пред 4-ти јули. Немаше некоја причина во нивниот тивок чекор; стапките се редеа една по друга, втиснувајќи се длабоко во ровката шумска земја, пригмечувајќи понекој заскитан црв...“
7 август 2008 г.
4 август 2008 г.
Нејзиниот вкус
...и таа го гризна за левото уво, меко, со влажен слој од јазик намачкан лесно врз плиткото црвенило; но не кажа ништо. Само лежеа во креветот, згуснати во бесконечна темница прошарана со магливи гласови на невидливи комшии, и пушеа што ќе им дојдеше под рака. Пробуваше да ги изостри контурите на нејзиниот профил, неговите очи пар шпионски камери таму каде што не треба, знаејќи дека тоа е бескорисно: мораше да се потпре на нејзините заби... полека, слепо... нинџа на мирот во виорот на непредвидливото, мирот на непредвидливото во виорот на нинџата... Не дека имаше нешто сексуално во сето тоа. Таа извираше од нејзината волнена школка со затворен поглед и го дишеше свежиот воздух на небесниот град од иднината, напиплив само за оние со некакво петто и пол сетило; а него го обземаше бавна параноја со вкус на скршено стакло…

